Достапни линкови

Турција вечно ќе ја поддржува Македонија


Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу стана почесен доктор на науки на Универзитетот Кирил и Методиј.
Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу стана почесен доктор на науки на Универзитетот Кирил и Методиј.

Македонија и Турција гледаат од иста перспектива кон регионалните и меѓународни прашања, заклучија шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Попоски и Ахмет Давутоглу.

Турција ќе и биде пријател на Македонија до судниот ден. Ова денеска го порача турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу по средбата со неговиот македонски колега Никола Попоски по повод 20-годишнината од воспоставување на дипломатски односи меѓу двете земји. Ние силно ја поддржуваме кандидатурата на Македонија за членство во НАТО и како контактен центар отсега па натаму амбасадата на Турција во земјата ќе биде силен показател на нашата соработка која ќе се зацврстува во наредниот период, вели Давутоглу.
Имаме заедничка визија за иднината и сакаме заедно да работиме на интегрирањето на нашиот регион во рамки на целите кои ги имаме зацртано.
Никола Попоски, министер за надворешни работи.

„Ми причинува особено задоволство да истакнам да имаме иста визија, гледаме од иста перспектива кон регионалните и меѓународни прашања. Како што тоа беше во изминативе 20 години, таа соработка и поддршка кон Република Македонија ќе трае и во наредниот период.“
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу стана почесен доктор на науки(doctor honoris causa) во областа на меѓународните односи на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу стана почесен доктор на науки(doctor honoris causa) во областа на меѓународните односи на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Министерот Попоски рече дека Македонија и Турција дваесет години имаат интензивна и искрена соработка и изрази надеж дека и во иднина уште повеќе ќе ги зацврстиме меѓусебните врски.

„Таа соработка ја охрабрува и фактот дека имаме заедничка визија за иднината и сакаме заедно да работиме на интегрирањето на нашиот регион во рамки на целите кои ги имаме зацртано и да обезбедиме најдобри услови за соработка, мир и стабилност во нашиот регион. Помеѓу Турција и Македонија постои одлична соработка на полето на НАТО интеграциите.“
Синоќа имав средба со некои турски деловни луѓе и ние ги поттикнуваме да инвестираат во Македонија што е можно повеќе.
Ахмед Давутоглу, министер за надворешни работи на Турција.

Во однос на економската соработка, и Поповски и Давутоглу изразија надеж дека трговската размена меѓу Македонија и Турција ќе ја достигне бројката од милијарда долари.

„Имаме исто толку плодна соработка и во економската размена – било од аспект на трговска размена која во моментов е околу 400 милиони долари, но имаме за цел да ја подигнеме на една милијарда“, рече Попоски.

„Ние на економските односи и соработка им даваме големо значење. Се разбира, синоќа имав средба со некои турски деловни луѓе и ние ги поттикнуваме да инвестираат во Македонија што е можно повеќе“, рече Давутоглу.

Тој вели дека Македонија со својата политика на толеранција кон сите заедници придонесува за мир и стабилноста на Балканот. Попоски, пак, изрази очекување дека следните дваесет години ќе бидат уште попродуктивни и поуспешни за двете земји.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG