Достапни линкови

Граѓанска политика


Александар Гочев, граѓанска иницијатива АМАН.
Александар Гочев, граѓанска иницијатива АМАН.

Сметките на граѓаните не ја познаваат партиската позадина, верската, етничката или половата припадност, на први во месецот кога ќе пристигнат сметките сите ние треба да си ги платиме, пишува за РСЕ Александар Гочев од граѓанската иницијатива „АМАН“.

Во оваа си наша каква - таква Македонија, единственото нешто што можеби само мене ме радува, тоа е будењето на граѓаните, веќе не сум скептичен од онаа помисла дека е дојден крајот на светот и нема да се разбудиме, сега се плашам од фактот дека кога ќе се разбудиме нема да бидеме ништо повеќе од едно суштество, предмет. Знаете визијата за она како треба да се креира едно општество одамна изумре, им дозволивте на политичарите тие да го креираат нашето општество, оние кои што немаат ниту грам визија а не па нешто повеќе.
Јас искрено се надевам дека во нашава си каква - таква Македонија свеста е на малку повисоко ниво, не за АМАН туку за самиот себе. Сметките на граѓаните не ја познаваат партиската позадина, верската, етничката или половата припадност, на први во месецот кога ќе пристигнат сметките сите ние треба да си ги платиме.

Мислам дека во Македонија колку толку свеста кај граѓаните конечно започна да се буди, можеби се уште не се бунат за она што им е сторено, но почнуваат да ја бараат правдата која им следи, по улиците на Скопје се почесто и почесто се слуша скандирањето на терминот СОЦИЈАЛНА ПРАВДА можеби за некои непозната, но на некој начин претпознатливо во барањата на АМАН.

Како граѓанска иницијатива која од самиот почеток е осудена од страна на власта како про-опозициона, про- сдсмовска, про-незнам каква, не е ни толку битно тоа, најважно од се е што некој во нашава си каква - таква Македонија се обиде по незнам кој пат да го погази достоинството и честа на македонскиот граѓанин.
АМАН како граѓанска иницијатива протестираше низ повеќе поголеми градови: Скопје, Битола, Прилеп, Куманово, Тетово, Крушево, Кавадарци и сите тие го кажаа своето АМАН – ДОСТА Е.

Би сакал да се фокусирам на собирањето на оние 10.000 потписи кои АМАН пред 10-тина дена го започна. Покрај сите оние барања кои АМАН ги понуди до власта и институциите, се потрудивме да пронајдеме и решенија, да пробаме конечно да промениме нешто во оваа ни каква - таква Македонија. Благодарение на Хелсиншкиот комитет за човекови права кои даваа целосна и безрезервна поддршка успеавме да најдеме друг начин освен протести каде граѓаните би можеле да го насочат својот револт.

Започнавме постапка за собирање на 10.000 потписи која навидум изгледа многу лесно но всушност е една голема пречка во непосредната демократија која граѓаните на некој начин треба да ја уживаат. Во кратки црти би сакал да ги нотирам сите оние пречки со кој би се соочиле организациите, здруженијата, иницијативите кога би го превзеле овој чекор. Поднесувате едно барање до ДИК (државна изборна комисија) да ви одобрат собирање на 100 потписи за покренување на народна иницијатива односно собирање на 10.000 потписи. 100 – те потписи ги собирате во локалните единици на ДИК онаму каде што вие сакате и по собирањето на 100 потписи ги предавате на претседателот на собранието, но ве молам да не заборавите писмено да му се обратите да не се навреди не за друго.
Врв на сите овие случувања е она што оние комисии кои државата ги формираше за заштита на потрошувачите, се само поттикнувачи во криминалот и монополот на одредени компании во земјава. Регулаторната комисија за енергетика и Антимонополската комисија досега не само што не постапија по правилниците по кои работат туку тие ги прекршија и го поттикна криминалот, монополот и рекетот на топлификација.

Собраниските комисии ќе ви ја одобрат иницијатива, ќе му пратат одобрување на претседателот на собранието кој по не знам која логика треба да ја извести ДИК преку Владата на РМ. Глупост. Премиерот нема никаков временски рок за проследување на информацијата, а вас времето ви тече ли ви тече, ние од АМАН имавме среќа што се почесто му бевме под прозор па по се изгледа му се смачи да не гледа и некако на пола од рокот за собирање 10.000 потписи ја предаде информацијата во ДИК. Тука се соочувате со еден финансиски колапс на институцијата и Ви велат, господо од страната на ДИК превземете го образецот за потпишување испечатете го за 34 општини со место за потпишување на 10.000 граѓани и како знаете снајдете се и сами дистрибуирајте ги материјалите.

Ова се грубо гледано проблемите со кои АМАН се соочи во оваа битка со институциите. Јас искрено се надевам дека во нашава си каква - таква Македонија свеста е на малку повисоко ниво, не за АМАН туку за самиот себе. Сметките на граѓаните не ја познаваат партиската позадина, верската, етничката или половата припадност, на први во месецот кога ќе пристигнат сметките сите ние треба да си ги платиме.

Врв на сите овие случувања е она што оние комисии кои државата ги формираше за заштита на потрошувачите, се само поттикнувачи во криминалот и монополот на одредени компании во земјава. Регулаторната комисија за енергетика и Антимонополската комисија досега не само што не постапија по правилниците по кои работат туку тие ги прекршија и го поттикна криминалот, монополот и рекетот на топлификација. Дали регулаторите го штитат интересот на Хаџимишев или на граѓаните?

Кога синдикатите и опозицијата молчат се освестуваат граѓаните, што можеби е и добро во нашава си каква – таква Македонија, тоа што полека полека граѓаните се будат од зимскиот сон и почнуваат проблемите на државата да ги земаат во свои раце, што би значело дека она што синдикатите и опозицијата дозволија да се изгуби, граѓаните ќе успеат да го вратат достоинството и честа на македонскиот работник и граѓанин ако не во институциите ќе се врати на улиците. Се надевам дека сите ние работиме за нашата држава од каква – таква Македонија да прерасне во силна и цврста Македонија.
XS
SM
MD
LG