Достапни линкови

Конгресот на САД го одложи гласањето за „фискалната бездна“


Барак Обама

Барак Обама

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го одложи за по Божиќните празници изјаснувањето за законот на Републиканците во врска со избегнувањето на таканаречената фискална бездна. Станува збор за законот за зголемување на даноците на оние граѓани кои годишно имаат нето заработувачка од милион долари. Претходно претседателот Барак Обама изјави дека ќе стави вето на таквиот закон. Лидерите на Претставничкиот дом и на Сенатот најавија дека би можело во текот на идната недела да ги свикаат членовите на двата дома. Доколку до крајот на годинава не биде постигнат договор, од 1 јанураи идната година даноците автоматски ќе пораснат со што би можело американската економија повторно да западне во рецесија.
XS
SM
MD
LG