Достапни линкови

Нимиц во Грција и во Македонија од 8 до 11 јануари


Посредникот во разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, ќе допатува во регионот на 8 јануари. Најавено е дека Нимиц во Атина и во Скопје ќе има средби со високи претставници на Владите на двете земји, со цел да се забрза процесот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение на спорот за името. Според најавата од службата за односи со јавноста на Обединетите нации, посетата ќе биде надополнување на разговорите кои Нимиц ги имаше со двајцата посредници за решавање на спорот, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, во Њујорк во ноември.
XS
SM
MD
LG