Достапни линкови

Давутоглу стана почесен доктор на науки на УКИМ


Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу и неговата сопруга Саре во посета на музејот на Мустафа Кемал Ататурк во Битола во 2010 година.

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу и неговата сопруга Саре во посета на музејот на Мустафа Кемал Ататурк во Битола во 2010 година.

Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу стана почесен доктор на науки(doctor honoris causa) во областа на меѓународните односи на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Титулата му беше доделена на свечена седница на Универзитетскиот сенат.

„Македонија е мојот втор дом. Ја поддржуваме Македонија во спорот за името секаде во светот. Не само што сме и пријатели, туку се чувствуваме и како
да сме од Македонија. Имаме толку многу врски и блиски пријателста. Ова ви го кажувам од длабината на моето срце“, рече Давутоглу.

На доделувањето на титулата присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, вицепремиерката Теута Арифи, министрите Панче Кралев и Хади Незир, ректорот
на УКИМ Велимир Стојковски, декани, професори и студенти.

Давутоглу вечерва ќе се сретне со претседателот Иванов, а утре ќе има средби со премиерот Никола Груевски, со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Ахмет Давутоглу е доктор по политички науки и меѓународни односи и поранешен универзитетски професор.
XS
SM
MD
LG