Достапни линкови

Супа и чај за бездомниците во Букурешт


Архивска фотографија: Букурешт.

Архивска фотографија: Букурешт.

Топла супа, чај и кафе им делеа доброволци, меѓу кои и британскиот амбасадор во Романија, на бездомниците во Букурешт. Акцијата се одвиваше на -5 степени целзиусови во близина на железничката станица во главниот град на Романија, каде што се собираат многу луѓе без покрив над глава. Се претпоставува дека во двомилионскиот град има околу 5.000 бездомници, при што околу 300 луѓе годишно умираат од студ и болести.
XS
SM
MD
LG