Достапни линкови

Ставрески прифати 44 амандмани на буџетот од опозицијата


Архивска фотографија: Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Архивска фотографија: Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска соопшти дека за него се прифатливи 44 амандмани на буџетот, од кои 33 поднесени од СДСМ, шест од пратеникот Изет Зеќири и пет од ДПА.

Тој рече дека овие 44 амандмани се во вкупен износ од 191 милиони денари, или околу три милиони евра, од кои 154 милиони денари за амандманите поднесени од СДСМ, и по 18,5 милиони денари за тие од пратеникот Зеќири и од ДПА.

„Ова е најголем број на прифатени амандмани од еден министер за финансии при донесувањето на буџетот во последните 20 години. Како по број така и по износот на средствата. Тоа ја покажува нашата желба за компромис“, рече Ставревски и додаде дека верува оти ќе наиде на разбирање кај опозицијата и ќе се отвори можност за забрзување на процедурата за донесување на Буџетот.

СДСМ, пак, го оцени овој предлог на Ставрески како евтин обид за глумење лажна конструктивност. Опозицијата има поднесено повеќе од 1.200 амандмани на буџетот, а СДСМ предлага намалување на државната каса за 204 милиони евра.
XS
SM
MD
LG