Достапни линкови

logo-print

Чешката министерка за одбрана разрешена по само една недела на функцијата


Разрешената чешка министерка за одбрана Каролина Пик.

Разрешената чешка министерка за одбрана Каролина Пик.

Чешкиот претседател Вацлав Клаус ја разреши министерката за одбрана Каролина Пик, само една недела откако таа ја презеде функцијата, со што се разгорува ново несогласување во разнишаната десно-центристичка владејачка коалиција, која се заканува и на стабилноста на владата. Откако беше назначена на 12 декември, Пик разреши голем број високи функционери во министерството, што беше во центарот не серија истраги за корупција. Премиерот Петр Нечас, кој побара разрешување на министерката, ги критикуваше разрешувањата. Таа сепак останува вице-премиерка во кабинетот на Нечас. Каролина Пик е лидер на најмалата партија во владејачката коалиција ЛИДЕМ, но нејзината поддршка е клучна за владата на Нечас да добие доверба во парламентот.
XS
SM
MD
LG