Достапни линкови

Британски пратеници го обвинија Би-Би-Си за расипништво


Група британски пратеници денеска го обвини јавниот радиодифузен сервис Би-Би-Си дека ги расфрла парите на даночните обврзници, откако му исплати 450 илјади фунти на поранешниот генерален директор, кој си поднесе оставка по само 54 дена на функцијата. Директорот Џорџ Енсвил поднесе оставка минатиот месец поради објавување неточна информација дека еден поранешен фунцкионер на Конзервативната партија се соминичи за педофилија. Пратениците оценија дека „државните службеници не смејат да бидат наградувани за пропустите“. Би-Би-Си образложи дека алтернативата на исплатените 450 илјади фунти било долго и скапо судење.
XS
SM
MD
LG