Достапни линкови

Амнести интернејшнал со сериозни критики за односот на Грција кон мигрантите


Архивска фотографија: Протест на мигрантите во Атина.

Архивска фотографија: Протест на мигрантите во Атина.

Грција се соочува со хуманитарна криза поради својот лош однос кон мигрантите и кон луѓето кои бараат азил, се заклучува во извештајот на меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести Интернејшнал“. Според извештајот, грчките власти држат илјадници бегалци, вклучувајќи и многу деца, во „ужасни и скандалозни“ услови. Земјата е главен влез за мигрантите од Азија и Африка кон Европската унија.

„Моменталната ситуација во Грција воопшто не е вредна за Нобеловата награда за мир која ја доби Европската унија и е под сите меѓународни стандарди за човекови права. На Грција и треба помош но земјата мора да ги исполни и своите обврски. Грчкиот неуспех да ги почитува правата на мигрантите и оние кои барат азил зазема параметри на хуманитарна криза“, изјави портпаролот на „Амнести“ Џон Далхуисен.

Организацијата обрнува внимание и на големиот пораст на нападите врз расна основа, кои веќе се регистрираат секој ден. Според набљудувачите, реториката на неонацистичката партија „Златна зора“, која ја обвинува илегалната имиграција за дел од економските проблеми на земјата, уште повеќе ја разгорува атмосферата на ксенофобија.
XS
SM
MD
LG