Достапни линкови

Репортери без граници - Турција е затвор за новинари


Курдски жени носат слики на затворени новинари пред почетокот на судењето на 44 новинари за поврзаност со курдските бунтовници.

Курдски жени носат слики на затворени новинари пред почетокот на судењето на 44 новинари за поврзаност со курдските бунтовници.

Во Турција има повеќе новинари во затвор отколку во Кина, Еритреја, Иран или Сирија, што оваа земја ја претвора во „најголемиот затвор за новинари во светот“, се посочува во извештајот на „Репортери без граници“. Во извештајот се наведува дека вина за големиот број новинари во затвор имаат репресивните закони, нејасните законски одредби и параноидниот судски систем и само целосна ревизија на законот за борба со тероризмот во Турција и на други законски одредби можат да ја променат оваа ситуација. Повеќето од новинарите кои се наоѓаат во затворите во Турција се од курдско потекло, наведуваат „Репортери без граници“.
XS
SM
MD
LG