Достапни линкови

logo-print

Путин - Со Северниот и Јужниот тек ја заобиколивме Украина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина направила „стратегиска и фундаментална грешка“ со тоа што не и дозволила на Русија да ја користи украинската инфраструктура за транспорт на гас. Зборувајќи на првата претседателска прес-конференција од почетокот на неговиот трет мандат, Путин рече дека украинското долгогодишно недозволување ја натерало Русија да изгради свој гасовод и друга инфраструктура. Тој го посочи гасоводот Северен тек со кој се пренесува гасот до Западна Европа и планираниот Јужен тек, со кој рускиот гас треба да стигне до Јужна и Централна Европа. Поради овие два гасоводи, Путин рече дека „не е јасно дали има причини украинскиот систем за транспорт на гас воопшто да постои“. Тој изјави дека Русија сака да ја избегне зависноста од други држави при транспортот на гас и додаде дека Москва е подготвена да го продолжи дијалогот со Украина за цените на енергенсите и на транспортот.
XS
SM
MD
LG