Достапни линкови

Путин „нема идеја“ како да го реши спорот со Грузија


Рускиот претседател Владимир Путин зборува на првата претседателска прес-конференција од почетокот на неговиот трет мандат.

Рускиот претседател Владимир Путин зборува на првата претседателска прес-конференција од почетокот на неговиот трет мандат.

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека „нема идеја“ како да го реши проблемот со Тбилиси во врска со сепаратистичките области Абхазија и Јужна Осетија. Зборувајќи на првата претседателска прес-конференција од почетокот на неговиот трет мандат, Путин изјави дека генерално гледа „позитивни сигнали“ од новата грузиска влада и верува дека има изгледи за подобрување на економската соработка.

Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили се заложи за подобрување на односите со Русија, каде што заработил најголем дел од своето огромно богатство.

Рускиот претседател изјави дека нема да ја повлече одлуката за признавање на Абхазија и на Јужна Осетија и дека сфаќа дека Грузија нема да го промени својот став за територијалниот интегритет.

Путин го обвини поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили за ќор-сокакот. Русија ги призна двете спорни области како независни држави по кратката руско-грузиска војна во 2008 година.
XS
SM
MD
LG