Достапни линкови

Трет обид за деблокада на донесувањето на буџетот


Кај претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски се одржува координативна средба на која претставници на власта и на опозицијата се обидуваат да постигнат договор за деблокада на работата на собраниската комисија за финансирање и буџет, во врска со предлог-буџетот за идната година.

Како и на последните неколку средби, и на оваа не учествува пратеничката група на ДПА.

На координацијата не присуствува, иако беше поканет, пратеникот на Националната демократска преродба Изет Зеќири, кој има поднесено повеќе од 400 амандмани на предлог буџетот за 2013 година.

Координативни средби кај Трајко Вељаноски беа одржани и во понеделникот и вчера, но без некаков резултат.
XS
SM
MD
LG