Достапни линкови

Стано: Македонија да испорача резултати за преговори со ЕУ


Портпаролoт на ЕК Петер Стано изјави дека од Македонија се очекува да испорача резултати со што ќе и се овозможи на Европската Комисија да даде позитивен извештај за прашањата што се во фокусот на закључоците на ЕУ со цел земјите членки да донесат позитивна одлука за отворање на пристапните преговори.
Петер Стано, портпарол на ЕК задолжен за секторот проширување на Унијата, повтори дека ЕК не ги коментира позициите на различните политички актери, но потсети дека за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите треба да придонесат сите политички актери во земјата.
XS
SM
MD
LG