Достапни линкови

Во ОН резолуција за кршењето човекови права во Иран


Генералното Собрание на Обединетите Нации се очекува да гласа за резолуција со која се критикува Иран поради широко распростренетото кршење на човековите права. Во извештајот на специјалниот пратеник за човекови права се наведува дека во Исламската Република продолжува практиката на стотици егзекуции секоја година. Натаму, известувачот Ахмад Шахед нотира дека се влошуваат условите на етничките и ралигиозните малцинства, на жените и хомосексуалците. Генералното Собрание на Обединетите Нации во резолуција повикува и на светски мораториум врз смртната казна.
XS
SM
MD
LG