Достапни линкови

logo-print

Стурнарас: 2013 критично важна за Грција


Грција е соочена со критична година, во која опстанокот на земјата ќе зависи од зачувувањето на владејачката тристрана коалиција и исполнувањето на програмата за финансиска помош, договорена со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас во интервју за „Фајненшл тајмс“.
„Ќе ја преживееме следната година, доколку ја исполниме програмата, договорена со ЕУ и ММФ. Неуспехот би настапил, доколку политичкиот систем потклекне и констатира дека ситуацијата е премногу тешка, за да може да се справи со неа, изјави грчкиот министер.
Според Стурнарас, досега стореното било неопходно, но е и доволно за постигнување трајно решение за Грција.
XS
SM
MD
LG