Достапни линкови

Во Скопје започнува судскиот процес „Монструм“


Денеска во Кривичниот суд во Скопје започнува судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро, познат како случај „Монструм“, во кој се обвинети шест лица за тероризам. Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се во бегство, а на обвинителната клупа ќе седнат Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Според обвинението, убиствата ги извршиле Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ.
Судскиот процес ќе го води судијата Ивица Стефановски, обвинителка во случајот е Гордана Гешковска, а обвинетите ќе ги брани адвокатот Насер Рауфи.
Денеска се очекува да биде прочитано обвинението и обвинетите да почнат да даваат исказ пред судот.
Убиството, според обвинението имало за цел да предизвика несигурност кај населението и да ја наруши безбедноста во земјава со предизвикување страв кај граѓаните.
На 12-ти април годинава беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
XS
SM
MD
LG