Достапни линкови

logo-print

Обама вети дека ќе се заложи за новиот закон за контрола на оружјето


Американскиот претседател Барак Обама вети дека ќе ги искористи „сите овластувања“ на својата позиција за да го протурка во Конгресот новиот закон за контрола на оружјето. Тој вели дека обидот ќе биде политички тежок, но дека мора да се направи. Американците имаат „длабока обврска да се обидат“ да го намалат оруженото насилство, рече Обама за време на говорат во Белата куќа на пет дена откако вооружен напаѓач уби 20 деца и шест вработени во едно основно училиште во Конектикат. Тој најави дека потпретседателот Џозеф Бајден ќе биде на чело на работната група која треба да даде конкретни предлози за реформите најдоцна до јануари.
XS
SM
MD
LG