Достапни линкови

logo-print

Мубарак од болница вратен во затвор


Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак

Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак

По лекувањето во воената болница, поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак е вратен во затворот Тора во Каиро. Заменик министерот за внатрешни работи на Египет, генерал Мохамед Ибраим изјави дека на 84-годишниот Мубарак му била снимана главата на рендген, откако во сабота се лизнал во затворската бања и се повредил. Мубарак во јуни беше осуден на доживотен затвор затоа што не го спречил убивањето на стотици демонстранти за време на Арапската пролет во земјата во 2011 година. Тој владееше со Египет околу 30 години, сè до февруари минатата година, кога насилно беше соборен од власт.
XS
SM
MD
LG