Достапни линкови

Оставки заради нападот на мисијата на САД во Бенгази


Во нападот во Бенгази беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и тројца Американци вработени во дипломатската мисија.

Во нападот во Бенгази беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и тројца Американци вработени во дипломатската мисија.

Тројца функционери во американскиот Стејт департмент поднеле оставки по објавувањето на остриот извештај за нападот врз американската дипломатска мисија во Бенгази во септември годинава, објавуваат американските медиуми. Во извештајот, за нападот во Либија се бара вина во лошото управување во Стејт департментот. Телевизиите Си-Ен-Ен, Си-Би-Ес, како и агенцијата Асошиејтед прес, повикувајќи се на неименувани извори, објавија дека од функциите се повлекле помошник секретарот за дипломатска безбедност Ерик Босвел и заменик помошник секретарот за меѓународни програми Чарлин Ламб. Сè уште не е објавено името на третиот функционер што си поднел оставка. Претходно, лидерите на независниот американски панел што требаше да го истражи нападот од 11 септември, изјавија дека имало големи пропусти во безбедноста во американската мисија, делумно и поради „недостаток на лидерство и менаџерски способности“ на високите позиции во Стејт департментот. Во терористичкиот напад во Бенгази беше убиен американскиот амбасадор Кристофер Стивенс и тројца Американци вработени во дипломатската мисија.
XS
SM
MD
LG