Достапни линкови

Сирискиот министер за внатрешни работи на лекување во Либан


Сирискиот министер за внатрешни работи Мухамед Ибрахим ал-Шаар.

Сирискиот министер за внатрешни работи Мухамед Ибрахим ал-Шаар.

Сирискиот министер за внатрешни работи Мухамед Ибрахим ал-Шаар е на лекување во Либан. Официјални претставници од Либан соопштија дека тој пристигнал во Бејрут една недела по бомбашкиот напад врз неговото министерство во центарот на Дамаск. Неименувани либански претставници за новинската агенција Ројтерс изјавиле дека министерот не е во критична состојба. Бунтовниците претходно тврдеа дека Шаар е серизоно ранет во нападот од 12 декември. Сириските државни медиуми тогаш објавија дека тој не бил ранет. Шаар беше ранет и во нападот од 18 јули годинава, кога беа убиени четворица високи функционери од безбедносните ресори на претседателот Башар ал-Асад, меѓу кои и неговиот зет Асеф Шавкат.
XS
SM
MD
LG