Достапни линкови

Недостиг од стручен кадар во охридската болница


Болницата во Охрид.

Болницата во Охрид.

Болницата во Охрид доби нови апарати, но раководството признава дека има проблем со недостиг од стручен кадар. Во тимови со охридските хирурзи ќе работат и десетина професори од Клиничкиот центар во Скопје.

Охридската општа болница има проблем со недостиг од стручен кадар, признаваат од болницата. Новото болничко крило, кое, според најавите на раководниот тим, ќе биде пуштено во употреба на почетокот на новата година, ќе добие современи апарати. Во отсуство на доволно кадри кои би ги работеле новите апарати, постоечкиот персонал ќе го обучуваат доктори од Клиничкиот центар во Скопје, но и странски професори, вели доктор Сашо Василевски, портпарол на болницата.
Многу малку доктори се примени и многу малку доктори се праќани на доедукација. Прв пат оваа година на ниво на Охрид се примени 25 лекари, што не е случено во изминативе 20 години. Но тоа е само почеток на нови кадровски решенија, бидејќи ние сме далеку од пополнување на кадровските решенија. Нам ни недостасуваат рендгенолози, анестезиолози, хирурзи. Но сме во тек и тие кадри ќе ги надополниме со преземање од други центри и нивно ургентно праќање на специјализација и доедукација на Клиничкиот центар во Скопје. За почеток, апаратите ќе ги работат постоечките.

„Многу малку доктори се примени и многу малку доктори се праќани на доедукација. Прв пат оваа година на ниво на Охрид се примени 25 лекари, што не е случено во изминативе 20 години. Но тоа е само почеток на нови кадровски решенија, бидејќи ние сме далеку од пополнување на кадровските решенија. Нам ни недостасуваат рендгенолози, анестезиолози, хирурзи. Но сме во тек и тие кадри ќе ги надополниме со преземање од други центри и нивно ургентно праќање на специјализација и доедукација на Клиничкиот центар во Скопје. За почеток, апаратите ќе ги работат постоечките“, вели Василевски.

Со отворањето на новото хируршкото одделение, во тимови со охридските хирурзи ќе работат и десетина професори од Клинички.

„Ние сега сме во фаза на барање на нов персонал, и среден и на лекари кои се специјалисти за одредени области. Ќе имаме помалку кревети, затоа што веќе ќе немаме големи болнички соби како во петте години, туку комплет опремени апартмани со еден до два пациенти во една болничка соба“, вели Василевски.

Охрид ќе добие болница според највисоките европски стандарди кои дури во 2015 год ќе стапат на сила во Европа, а ние ќе ги имаме порано, рече директорот на болницата Љубен Арнаудов. Според него, во градежниот дел на објектот кој беше одново проектиран се запазени сите европски стандарди, а болницата ќе работи и според едношалтерски систем. Охридската болница во иднина ќе делува и како регионална болница во која би се прифаќала пацинти во радиус од 150 километри, како и пациенти од соседна Албанија. Од болницата најавуваат дека наскоро ќе потпишат договор со Министерството за здравство на Албанија, со што на пациентите од Албанија ќе им се овозможи да ги користат услугите овде, а кои во Албанија не им се достапни.

Инаку охриѓани три години чекаат на новата болница. Во меѓувреме ги користеа и сè уште ги користат услугите на неколку одделенија на болницата во соседна Струга. Изградбата на болницата по втор пат започна пред осум месеци, откако првиот тендер беше поништен и беше распишан втор кој го доби формата ДОО Виа Вевчани.
XS
SM
MD
LG