Достапни линкови

Путин ја потпиша Стратегијата за политики на националностите


Претседателот на Русија Владимир Путин.

Претседателот на Русија Владимир Путин.

Претседателот Владимир Путин ја одобри новата руска стратегија за етнички односи. Тој денеска го потпиша декретот со што се одобрува новата Стратегија за политика на националностите и и наложи на владата да изготви план и да почне да го спроведува. Оваа стратегија треба да стапи на сила во 2015 година и треба да го замени сличниот документ усвоен во 1996 година. Стратегијата содржи насоки за политички, економски и културни политики што се однесуваат на десетиците етнички заедници во Русија. По првичните критики за нацрт-стратегијата, во документот е исфрлена реченицата „државотворната улога на рускиот народ“ и е заменета со „обединувачката улога на рускиот народ“. Во своето прво обраќање пред парламентот од почетокот на неговиот трет претседателски мандат овој месец, Путин ја нагласи потребата за зачувување на рускиот национален идентитет.
XS
SM
MD
LG