Достапни линкови

logo-print

Ирачкиот претседател ќе биде префрлен на лекување во Германија


Ирачкиот претседател Џалал Талабани.

Ирачкиот претседател Џалал Талабани.

Докторите што го лечат ирачкиот претседател Џалал Талабани во болницата во Багдад соопштија дека, веројатно за еден ден, тој ќе биде префрлен во Германија на натамошно лекување, откако наводно доживеал мозочен удар. Талабани беше примен во болница во понеделникот вечерта. Ирачката државна телевизија, како и неколкумина претставници на власта, соопшти дека тој претрпел мозочен удар. Сепак, лекарите на Талабани официјално не потврдуваат дека се работи за мозочен удар. Во соопштението објавено на сајтот на претседателот се вели дека 79-годишниот Талабани има запушување на артериите. Два добро информирани извори за Радио Слободна Европа изјавија дека претседателот е во несвест. Талабани, кој е долгогодишен курдски лидер, стана прв неарапски претседател на Ирак во 2005 година.
XS
SM
MD
LG