Достапни линкови

logo-print

Израел продолжува со плановите за градење доселенички населби во Источен Ерусалим


Рамат Шломо, еврејска доселеничка населба во Источен Ерусалим.

Рамат Шломо, еврејска доселеничка населба во Источен Ерусалим.

Израел продолжува со чекорите во насока на изградба на прва доселеничка населба во Источен Ерусалим по 1997 година. Градскиот советник Пепе Алалу изјави дека општинската комисија за планирање одобри изградба на 2.612 станови во Гиват Хаматос. Палестинскиот претставник Мухамед Штајех предупредува дека Палестинците може да се жалат пред Меѓународниот кривичен суд поради плановите за изградба на доселенички населби и поради другите дела против палестинскиот народ. Палестинците велат дека со новите градби ќе се заокружи прстенот од еврејски населби околу Источен Ерусалим, со што ќе бидат отсечени од Западниот Брег. Израел најави неколку вакви градежни проекти, откако ОН го унапредија статусот на Палестинците во организацијата. САД, ЕУ и ОН го критикуваат Израел поради градењето доселенички населби.
XS
SM
MD
LG