Достапни линкови

СДСМ бара комплетно распуштање на Комисијата за лустрација


Илустрација.

Илустрација.

Опозицискиот СДСМ денеска најави дека во Собранието ќе поднесе барање за комплетно распуштање на Комисијата за лустрација. Тие сметаат дека Комисијата постои само формално и го изгубила кредибилитетот, а дека нејзиното натамошно работење ќе биде беспредметно и погрешно. Очекуваат претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да го стави барањето
на дневен ред на следната седница, со што, според потпретседателката на СДСМ Ана Павловска-Данева, „ќе овозможи да се спречат сите натамошни штети и
злоупотреби кои досега ги правела Комисијата за лустрација“.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагира дека СДСМ прави сè што може во Македонија да нема лустрација.

СДСМ вчера поднесе кривична пријава против претседателот на Комисијата Томе Аџиев, а ВМРО-ДПМНЕ најави кривични пријави за двајцата членови предложени од СДСМ, кои си дадоа оставки во Комисија, Јанаке Витановски и Благоја Гешовски.
XS
SM
MD
LG