Достапни линкови

И штрајкот и преговорите продолжуваат


Средба на министерот за здравство Никола Тодоров со синдикатите за здравство. Доктор Дејан Ставриќ, претседател на Синдикатот на клиничките центри и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.

Средба на министерот за здравство Никола Тодоров со синдикатите за здравство. Доктор Дејан Ставриќ, претседател на Синдикатот на клиничките центри и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.

Министерот за здравство Никола Тодоров вели дека преговорите со лекарите се движат во позитивен правец и очекува за десетина дена да дојде до договор. Од Синдикатот на клиничките центри велат дека може да се стави мораториум на штрајкот ако се постигнат договори.

Лекарите штрајкувачи и Министерството попладнево разговараа за изнаоѓање начин како да се надминат проблемите во здравството. Министерот Никола Тодоров вели дека преговорите со лекарите се движат во позитивен правец и очекува за десетина дена да дојде до договор, а од Синдикатот на клиничките центри најавија дека штрајкот продолжува.
Треба го искористиме овој позитивен момент за позитивно решение кое нема да остави ниту победник ниту поразена страна и коешто ќе овозможи да се реши овој проблем околу имплементацијата на проектот за плаќање по успешност.

„Треба го искористиме овој позитивен момент за позитивно решение кое нема да остави ниту победник ниту поразена страна и коешто ќе овозможи да се реши овој проблем околу имплементацијата на проектот за плаќање по успешност“, изјави министерот.

Двете страни разговарале за американскиот модел, како и за кварталното плаќање на учинок.

„Се трудиме да овозможиме принципите на двете страни да не бидат погазени, односно да победат принципите на реформата и на барањата на штрајкувачкиот одбор и на синдикатите“, изјави Тодоров.

Доктор Дејан Ставриќ, претседател на Синдикатот на клиничките центри, рече дека може да се стави мораториум на штрајкот ако се постигнат договори.
По денешната средба сум оптимист и е надевам на договор. Сите треба да сме задоволни што конечно седнавме да разговараме.

„По денешната средба сум оптимист и се надевам на договор. Сите треба да сме задоволни што конечно седнавме да разговараме.“

На средбата се дискутирало и за начинот на кој ќе се платат лекарите што штрајкуваат, како и за наградите и казните за лекарите.

Пред средбата, доктор Ставриќ рече дека, што се однесува до казните, тие треба да зависат од платите, односно ако доволно се зголемат може да се толерира некаква казна од 5 до 10 проценти, во спротивно ниедна казна не е прифатлива. Тој рече и дека продолжуваат со тужбите за директорите на клиниките поради тоа што незаконски им исплатиле намалени плати на лекарите кои штрајкуваат.

„Тужбите остануваат, пристигнуваат податоци од други градови, од други клиники, секаде има прекршувања и по секој случај ќе биде поднесена тужба, тие пари мора да се вратат затоа што неосновано се одземени.“

Лекарите штрајкуваат повеќе од еден месец, а ова е нивна втора средба со министерот Тодоров за една недела.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG