Достапни линкови

Обама повторно личност на годината на Тајм


Обама беше личност на годината во изборот на Тајм и за 2008 година, кога го освои првиот претседателски мандат.

Обама беше личност на годината во изборот на Тајм и за 2008 година, кога го освои првиот претседателски мандат.

Американскиот претседател Барак Обама е личност на годината на магазинот Тајм за 2012 година. Во конкуренција беа и 15-годишната пакистанската активистка за човекови права Малала Јусафзаи, која беше тешко повредена од Талибанците и исламистичкиот претседател на Египет Мохамед Морси. Финалисти во изборот за личност на годината беа и Бил и Хилари Клинтон, директорката на интернет гигантот Јаху Мариса Мајер, како и директорот на Епл Тим Кук. Обама беше личност на годината во изборот на Тајм и за 2008 година, кога го освои првиот претседателски мандат. Личноста на годината на Тајм е личност што, според магазинот, најмногу влијаела на состојбите во светот во изминатата година. Наместо конкретна лично, Тајм лани го избра „Демонстрантот“ како личност на годината.
XS
SM
MD
LG