Достапни линкови

Британија повлекува 3.800 војници од Авганистан до крајот на 2013


Архивска фотографија: Британскиот премиер Дејвид Камерон се среќава со британски војници во Кандахар.

Архивска фотографија: Британскиот премиер Дејвид Камерон се среќава со британски војници во Кандахар.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија планира да повлече 3.800 војници од Авганистан до крајот на наредната година. Останатите 5.200 британски војници ќе бидат повлечени од Авганистан во 2014 година. По повлекувањето, во земјата ќе останат мал број британски војници кои треба да помогнат во обуката на авганистанските сили, рече Камерон пред парламентот, но не кажа колку. Велика Британија има втор по големина контингент војници во Авганистан по САД. Од почетокот на војната во Авганистан во 2001 година досега загинаа повеќе од 430 британски војници. Во саботата, Франција ги повлече последните војници од Авганистан.
XS
SM
MD
LG