Достапни линкови

Се засилуваат борбите околу Дамаск


Бунтовници во близина на Дамаск.

Бунтовници во близина на Дамаск.

Се засилуваат борбите меѓу владините сили и бунтовниците во предградијата на главниот град на Сирија, Дамаск. Сириските државни медиуми објавија дека „голем број терористи“ се убиени. Борбите се најинтензивни во јужните области Дараја, Хараста, Дума и Хаџар Асвад, во близина на палестинскиот бегалски камп Јармук. Според извештаите, бунтовниците напредувале во борбите со провладините палестински организации во Јармук, по што сириски воени авиони го бомбардираа кампот. Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска побара од генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун да помогне палестинските бегалци во Сирија да се префрлат на палестински територии.
XS
SM
MD
LG