Достапни линкови

Борците од НОБ протестираа во Скопје


Архивска фотографија: Пензионираниот генерал Тодор Атанасовски.

Архивска фотографија: Пензионираниот генерал Тодор Атанасовски.

Членови на Сојузот на борците од НОБ денеска во центарот на Скопје протестираа поради, како што велат, бесправно одземениот имот на организацијата. Пензионираниот генерал Тодор Атанасовски вели дека маршот не е против државата туку е за поубава Македонија. Првата пресуда за напуштање на просториите на Главниот одбор, Сојузот на борците ја доби во јуни 2011 година. По нивната жалба, Врховниот суд ја врати постапката на повторно судење. Општинскиот суд Скопје 2 повторно донесе одлука во корист на Сојузот на воени инвалиди, на што Сојузот на
борци се жалеше и во моментот нивната жалба се разгледува од Апелациониот суд.
XS
SM
MD
LG