Достапни линкови

logo-print

Инстаграм демантира дека ќе ги продава фотографиите


Претставници на популарната апликација за мобилни телефони, Инстаграм, преку која можат да се поставуваат и разменуваат фотографии, ги демантираа информациите дека ќе ги продаваат фотографиите на фирми за рекламни цели. Инстаграм соопшти дека ќе го корегира спорниот текст од условите за користење на сервисот што беа објавени неделава. Новите услови предизвикаа бурни реакции преку интернет и на социјалните мрежи, со оценки дека Инстаграм ќе прима пари од компании за користење на фотографиите на луѓето кои ги постираат преку овој сервис. Се проценува дека Инстаграм го користат околу 100 милиони луѓе, а Фејсбук го купи Инстаграм во септември годинава.
XS
SM
MD
LG