Достапни линкови

Протести во Москва против законот за посвојување


Руската полиција уапси најмалку 13 лица кои протестираа пред парламентот во Москва пред второто читање на законот со кој им се забранува на американски државјани да посвојуваат руски деца. Полицијата постави кордони пред Парламентот за да ги спречи демонстрациите. До предлогот на овој закон дојде откако американскиот претседател Барак Обама го потпиша законот за санкционирање на русите кои се поврзани со кршење на човекови права. Рускиот парламент исто така, го одобри во прва фаза законот со кој се воведуваат рестрикции за американски граѓани кои им ги прекршиле човековите права на руси.
XS
SM
MD
LG