Достапни линкови

logo-print

Крајот на светот: хистерија и профит


Многу луѓе во светот се подготвуваат за крајот на светот, кој, според календарот на древните Маи, ќе се случи на 21 Декември. Стравот од апокалипсата некои го користат за профит. Така е од Мексико до Ртањ во Србија, планина во форма на пирамида која како што некои веруваат ја направиле вонземјани.

Крајот е близу. Светот каков што го знаеме ќе исчезне на 21 Декември, кога катаклизмичните настани ќе предизвикаат оштетување и речиси целосно исчезнување на човечката раса како што гласи толкувањето на календарот на Маите. И покрај напорите на научници, официјални лица и верски водачи да се демистифицира оваа теорија - стравот од претстојната апокалипса предизвика паника, хумористични врти и многу безобзирни обиди да се профитира од крајот на светот.
Така на пример во Русија и Украина, цените на свеќите и другите основни потреби за домаќинството се зголемуваат пропорционално со проближувањето на 21 Декември.
Се продава и купува се и сешто, па така Алефтина Попова, од Агенцијата брачни услуги, сега продава "комплет опрема за опстанок“.

Луѓето зборуваат за крајот на светот. Ние направивме "комплет", со кој сакаме да им кажеме на граѓаните дека може да се шегуваат со оваа работа.


"Луѓето зборуваат за крајот на светот. Ние направивме "комплет", со кој сакаме да им кажеме на граѓаните дека може да се шегуваат со оваа работа."

Во пакетот има: долго јаже, завој, вотка, сапун и уште некои нели неопходни нешта за опстанокот при апокалипсата. Цената е 890 рубли или 29 долари. Главниот астроном на Ватикан, како и НАСА и властите ширум светот се обидуваат да ги отфрлат стравувањата, велејќи дека за ваквите сценарија и не вреди да се расправа. Во меѓувреме, се повеќе и повеќе се оние кои сакаат да ја искористат народната паника за крајот на светот.Голем број на компании, од Шевролет до Топа Шок, американски производител на пиво, користат реклами со теми од Армагедон.

На Ртањ му е мајката

Оние кои веруваат во крајот на светот на Балканот, пак спас бараат во Ртањ во источна Србија.


Таму се верува дека планината има пирамидална структура која пред илјадници години ја направиле вонземјани и при апокалипса со моќна енергија ќе ги заштити сите оние кои се во нејзина близина. И резултат на тоа се преполните хотели, изјави за Радио Слободна Европа Обрад Блечиќ, менаџер на еден од локалните хотели.

Се прашувам дали тие, ако го преживеат крајот на светот ќе ги бараат назад парите .


"Последните десет дена се лудница. Не бараат по телефон за резервации и веќе се продадени сите капацитети. Досега сме работеле со 20 насто од капацитетот, а сега со сто проценти. Не контактираа две или три семејства од Австрија и домашни клиенти од Ниш, Крагуевац, Белград. Некои прашуваат дали можат да спијат на паркинг. Се прашувам дали тие, ако го преживеат крајот на светот ќе ги бараат назад парите ".

Лудница или не, потомците на Маите ги осудуваат злоупотребите на нивното културно наследство во комерцијални цели, а тие ќе го одбележат 21 декември на приватна церемонија на археолошки локалитет на Маите, далеку од толпите луѓе кои се очекува да го поплават Мексико и Централна Америка со цел во земјата на пророштвото да го дочекаат крајот на светот.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG