Достапни линкови

САД сметаат дека израелските доселенички населби се провокација


Викторија Нуланд

Викторија Нуланд

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека е длабоко разочаран од одлуката на Израел да продолжи со изградбата на илјадници нови доселенички населби за израелците на палестински територии. Портпаролот на Стејт Департментот, Викторија Нуланд оцени дека таквата одлука на израелските лидери е провокативна и ја доведува во прашање нивната волја за мир во регионот. Европските, како и некои други држави во Советот за безбедност на Обединетите нации подготвуваат нова изјава за осуда на израелските намери за изградба на доселенички населби.
XS
SM
MD
LG