Достапни линкови

17 мртви во обид за бегство од затвор


Властите во Мексико соопштија дека седумнаесет лица од кои единаесет затвореници и шест чувари - се убиени во судирите кои избиле кога затворениците се обиделе да избегаат од затвор. Безбедносните претставници во северната држава Дуранго информираа дека насилството се случило синоќа во градот Гомез Палацио. Затворениците наводно добиле пиштоли и отвориле оган кон полицијата, која возвратила.
Официјални лица изјавија дека воените сили биле повикани за да воспостават ред во затворот. Појавите на масовни бегства од затвори станаа честа појава во Мексико во последниве години.
XS
SM
MD
LG