Достапни линкови

Средба на авганистанските власти со Талибанците во Париз


Авганистански официјални лица, претставници на Талибанците како и други фракции се очекува да се соберат на тајна локација во близина на Париз. Планирани средби во четврток и петок, организирани од страна на француски тинк-тенк здруженија, не се очекува да произведат напредок во мировните преговори. Авганистанскиот политички аналитичар Вахид Музхда за Радио Слободна Европа изјави дека состанокот "би можел да го отвори патот за формални разговори во иднина." На настанот треба да присуствуваат претставници на Талибанците и Групата Хизб-е Ислами, личности од поранешната Северна алијанса кои се бореа со Талибанците и другите милитантни групи со години и членови на авганистанскиот Висок мировен совет.
XS
SM
MD
LG