Достапни линкови

Клинтон ги прифати наодите од ревизијата за нападите во Бенгази


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги прифати наодите на независниот истражувачки панел кој го обвини Стејт департментот за систематски грешки во врска со 11-септемвриските напади во Бенгази во кој загинаа американскиот амбасадор во Либија и три други Американци. Во извештајот, се вели дека безбедносните мерки на Стејт департментот за странство се „несоодветни." Клинтон изјави дека како одговор на извештајот, Стејт Департментот ќе испрати стотици дополнителни маринци за да се заштитат странските мисии на Соединетите Држави, и ќе побараат повеќе пари за да се подобри безбедноста на местата кои се сметаат за безбедносни закани. Одборот за ревизија исто така утврдил дека Соединетите Држави немаат "специфични" разузнавачки информации за можна закана против мисијата во Бенгази пред да биде нападната од вооружени милитанти.
XS
SM
MD
LG