Достапни линкови

Подготвеност за спречување на масакрите во САД


Најголемата американска организација за правата на сопственост на пиштоли соопшти дека е подготвена да направи се што е потребно за да се спречат масакрите како што беа престрелките во Конектикат. Асоцијацијата го објави својот прв извештај откако во дивеењето на вооружен напаѓач во Њутаун, Конектикат, загинаа 27 лица, меѓу кои 20 деца.
Националната асоцијација за права на сопственоста на пиштоли се смета за еден од најмоќните политички лоби групи во Соединетите Држави. Сепак асоцијацијата не наведува какви чекори ќе бидат преземени за да се спречат ваквите настани. Последните убиствата кои се сметаат за најсмртоносни во серија престрелки низ Америка оваа година - доведоа до повици за построги правила за тоа кој може да поседува оружје и каков вид на оружје може да биде легално купено.
XS
SM
MD
LG