Достапни линкови

logo-print

Инвестициски фонд од САД ги продава акциите од фабрика за оружје


Полиција ги евакуира децата по нападот во основно училиште во Њутон на 14 декември.

Полиција ги евакуира децата по нападот во основно училиште во Њутон на 14 декември.

Познат американски инвестициски фонд соопшти дека ќе ги продаде своите акции од компанијата за производство на оружје што ја произведува пушката што беше користена во минатонеделниот напад врз училиште во Њутон, Конектикат. Фондот Серберус капитал менаџмент соопшти дека нападот во кој беа убиени 20 деца и шестмина возрасни е „пресвртен настан“ во националната дебата за контрола на оружјето. Државниот пензиски фонд на наставниците од Калифорнија, еден од најголемите во САД, вчера соопшти дека ќе ги преиспита своите инвестиции со Серберус.

Серберус капитал менаџмент е еден од најголемите приватни инвестициски фондови во светот и управува со капитал од околу 20 милијарди долари. Тие соопштија дека средствата од продажбата на акциите во компанијата Фридом груп ќе им бидат вратени на инвеститорите.
XS
SM
MD
LG