Достапни линкови

Германски војници поставуваат ракети Патриот во Турција


Ракети „Патриот“ во Германија.

Ракети „Патриот“ во Германија.

Група германски војници пристигнаа во јужниот дел на Турција, за извршување подготовка за распоредување на ракетите „Патриот“ во земјата. Минатата недела германскиот Парламент одобри испраќање на ракетите „Патриот“ во Турција. Се планира германските ракетни системи „Патриот“ да бидат поставени на околу 120 километри од сириската граница.

На 4 декември министрите за надворешни работи на 28-те земји членки на НАТО го одобрија поставувањето на ракети „Патриот“ во Турција, како одговор на барањето на Анкара со цел да го заштити воздушниот простор од евентуални ризици и закани за безбедноста на државата од кризата во Сирија.
XS
SM
MD
LG