Достапни линкови

Лавров - Грешка е да им се забрани на Американците да посвојуваат руски деца


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека ќе биде грешка ако се воведе забрана за американски државјани да посвојуваат руски деца. Изјавата на Лавров доаѓа пред почетокот на расправата во Долниот дом на рускиот парламент во второ читање за предлог-законот што ќе воведе ваква забрана. Минатата недела американскиот претседател Барак Обама потпиша закон со кој се воведуваат санкции за Русите кои се поврзуваат со обвинувањата за прекршување на човековите права. Државната Дума во прво читање го усвои законот со кој на црни листи се ставаат Американците осудени за кршење на човековите права на Руси, меѓу кои и на децата посвоени од Русија.
XS
SM
MD
LG