Достапни линкови

Тодоров - Позитивни придвижувања во преговорите со синдикатите


Министерот за здравство Никола Тодоров.

Министерот за здравство Никола Тодоров.

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во Охрид истакна дека позитивните придвижувања во преговорите со синдикатите од здравство треба да се искористат за надминување на несогласувањата.

„Не ми е својствено преговорите да се водат преку медиумите. Сметам дека дигнитетот на целиот систем и на самата професија не дозволува тој тип преговори да се водат преку медиумите. Затоа и постојано избегнувам да давам оценки за тоа како течат разговорите, меѓутоа сметам дека во овој момент има позитивно придвижување и треба да го искористиме овој моментум да се најде начин како да се заврши целата работа“, рече Тодоров.
XS
SM
MD
LG