Достапни линкови

Русија испраќа нова група воени бродови во Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Руското министерство за одбрана испраќа нова група воени бродови во Сирија, а командантот на воздухопловно-десантните сили рече дека неговите војници се подготвени ако се појави потреба за евакуација на руските државјани од земјата. Министерството за одбрана соопшти дека бродовите од Балтичката флота ќе ги заменат бродовите од Црноморската флота што моментно се распоредени во источниот Медитеран. Руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на свои извори во Балтичката флота, објави дека бродовите се испраќаат во Сирија „да помогнат во евентуална евакуација на руските граѓани“, но овие информации не може да бидат потврдени. Командантот на воздухопловно-десантните сили, генерал Владимир Шаманов изјави дека неговите сили имаат искуство во евакуација на Руси од „критични точки“ и дека се подготвени да изведат таква задача ако добијат наредба од претседателот.
XS
SM
MD
LG