Достапни линкови

Најмалку 37 луѓе умреле од студ во Украина


Властите отворија околу 1.500 центри во Украина, кои овозможуваат храна и засолниште за бездомниците.

Властите отворија околу 1.500 центри во Украина, кои овозможуваат храна и засолниште за бездомниците.

Најмалку 37 луѓе умреле од студ во Украина. Повеќето од жртвите биле бездомници. Во одредени делови од Украина падна многу снег, а температурите се спуштија до -15 степени целзиусови. Министерството за здравство соопшти дека 190 луѓе побарале лекарска помош поради хипотермија и смрзнатини и дека повеќе од 160 од нив биле задржани на болничко лекување. Властите отворија околу 1.500 центри ширум земјата кои овозможуваат храна и засолниште за бездомниците. Голем број луѓе умреа од студ во Украина и минатата зима.
XS
SM
MD
LG