Достапни линкови

Албанската православна црква не ги признава резултатите од пописот


Montenegro - Census Form, undated

Montenegro - Census Form, undated

Албанската православна црква официјално соопшти дека не ги признава пописните резултати, јавува дописникот на МИА од Тирана.

„Процентот од 6,75 отсто колку што Институтот за статистика на Албанија тврди дека има православни во Албанија е нереален и лажен, навредлив за православните, за христијаните и тој го замрачува целокупниот изглед на верските заедници во земјата“, стои во соопштението во кое се тврди дека 24 отсто од граѓаните на Албанија се православни христијани.

Според Црквата, начинот на кој е спроведен пописот за верската припадност ни минимално не ги запазило стандрадите за попис кои ги алицираат европските земји. Претходно, претставниците на македонското, грчкото, влашкото, ромското и српско-црногорското малцинство во Тирана потпишаа Декларација против официјалните резултати од пописот.
XS
SM
MD
LG