Достапни линкови

ММФ го поздрави јавното признание на власта за заостанатите обврски


Мисијата на ММФ го поздрави јавното признание на власта за заостанатите обврски, натамошната транспарентност во однос на состојбата на заостанатите обврски, нивното намирување како и стратегијата на властите за понатамошна превенција. Ова го оценува Мисијата на ММФ која предводена од Ивана Владкова Холар од 12 до 17 овој месец престојуваше во Скопје. Целта на посетата беше оценка на економските и финансиските услови како и разговори за економските политики со власта.
XS
SM
MD
LG