Достапни линкови

logo-print

Законот за бранители се враќа на комисиска расправа


Macedonia - President of Macedonian Parliament, Trajko Veljanoski - 08Jul2010

Macedonia - President of Macedonian Parliament, Trajko Veljanoski - 08Jul2010

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го закажа продолжението на седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика на чиј дневен ред е законот за бранителите за в четврток. Со Комисијата ќе претседава пратеничката Сузана Анова од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на Комисијата Цветанка Иванова од СДСМ одби да ја води седницата, бидејќи од неа беше побарано да закаже друга седница на чиј дневен ред беа други закони, меѓу кои и за зголемувањето на пензиите. Таа смета дека прво треба да заврши седницата за Законот за бранители што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ поднесе повеќе од 15 илјади амандмани за да го блокира неговото донесување.
XS
SM
MD
LG