Достапни линкови

logo-print

Иванов - Старите балкански манири влијаат на исходите на самитите на ЕУ


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Претседателот Ѓорге Иванов рече дека е разочаран од исходот на годинaшниот Самит на ЕУ во Брисел. Се чини, рече тој, дека старите излитени балкански манири, балкански интереси, аспирации и поделби, сè уште опстојуваат и се наметнуваат на исходите на самитите на Европската унија. Сепак, рече тој, остануваме верни и определени на нашата темелна евроатлантска насоченост и интеграција.

„Оценуваме дека секое неадекватно решение може многу неповолно да се одрази на целиот регион“, рече “, рече претседателот Иванов во неговото 4-то годишно обраќање откако во 2009 година беше избран за претседател на Република Македонија.

Тој рече дека идентитетот спаѓа во оние базични категории за кои не може да се прави компромис со никого и оти Македонија нема да разговара за тоа. Иванов побара да се почитуваат Резолуциите на Обединетите нации кои се однесуваат на спорот за името, Времената спогодба, како и пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Тој упати порака да не се создава лажна претстава за состојбата со добрососедските односи и дека добрососедските односи се двонасочна улица. Обвинувањата за наводен иредентизам и национализам се неприфатливи, рече Иванов.

„Земјите од нашиот регион едноставно не можат да си дозволат минатото да продолжи да им ја краде сегашноста и иднината

И оваа година, рече Иванов, кон Република Македонија се упатуваа апсурдни или навредливи изјави на малкумина „дежурни“ политичари од соседството, а за нашите меѓуетнички и меѓусоседски односи, но оти тие дневно-политички изјави не ќе можат да ги нарушат вековните добрососедски односи. Тој рече дека Македонија нема да дозволи нарушување на меѓуетничките односи.

На годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов во Собранието присуствуваат премиерот Никола Груевски, владините министри, началникот на ГШ на АРМ, претседателите на Уставниот и на Врховниот суд, на Судскиот совет, гувернерот на Народна Банка, Јавниот обвинител, Народниот правобранител, лидерите на верските заедници, шефовите на дипломатско-конзуларните стрнаски претставништва во Македонија...
XS
SM
MD
LG